Претставници од Бордот на директори на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), ќе ја посетата Македонија од 12 до 16 октомври 2026 година.
Посетата е дел од редовната серија консултации на претставниците на акционерите на конституенците во Банката, и ќе овозможи средби со високи владини претставници, претставници од деловната заедница, банкарскиот сектор, меѓународните партнери и организациите од цивилниот сектор. Директорите ќе ги посетат и компаниите од приватниот сектор, кои се поддржани од ЕБОР.
Бордот на ЕБОР ќе биде претставен од:
- Рене Ван Хел, Директор за Холандија, Кина, Македонија, Арменија и Монголија, кој воедно е домаќин на посетата,
- Лилиана де са Кирчкноф, Директор за Швајцарија, Украина, Лихтенштајн, Србија, Узбекистан, Таџикистан, Црна Гора и Туркменистан,
- Магали Чејзена, Директор за Франција,
- Алициа Варела, Заменик директор за Шпанија, Мексико, Ирак и Сенегал,
- Лука Лазароли, Директор за Европската инвестициона банка,
- Брендан О’Конор, Директор за Ирска, Данска, Литванија, Косово и Кенија,
- Тамас Војнитс, Директор за Унгарија, Чешка, Словачка Република, Хрватска и Грузија,
- Умберто Бернардо, Заменик директор за Италија, и
- Филипо Мунистери, Помошник директор за Европска Унија.
Делегацијата ќе биде придружувама од Дивја Чавла Јиндал, Главен Банкар во одделот на Бордот и институционални работи, како и Гжегож Зиелински, Извршен директор за југо-источна Европа, ЕБОР и Олег Левитин, Директор на политичкиот оддел во ЕБОР.
За време на посетата, претставниците на ЕБОР ќе се сретнат со Премиерот Христијан Мицкоски и Заменик Премиерот и Министер за транспорт Александар Николовски. Состаноците се планирани и со претставници на министерствата одговорни за енергетика, екологија, финансии и надворешни работи, како и Градоначалникот на Скопје и претставници на Народната банка на Република Македонија.
Програмата ќе опфати разговори со организации од цивилното општество, во врска со владеењето, транспарентноста, конкурентноста, пристапувањето до Европската Унија, зелената транзиција, родова еднаквост и економска инклузија, Директорите ќе разменат и мислења за локалните компании, претпријатијата, комерцијалните банки, дипломатските претставништва и меѓународните развојни партнери.
Делегацијата ќе ги посети Варус и Макпрогрес, кои се клиенти на ЕБОР, и ќе оствари средба со менаџментот на компаниите за да се запознае со работењето на компаниите, нивните развојни планови и искуствата на соработката со ЕБОР. Посетата на Макпрогрес ќе го опфати и разгледување на центарот за истражување и развој, како и новите капацитети за производство на вафли.
ЕБОР има инвестирано во Македонија скоро ЕУР 3,2 милијарди, во 219 проекти. Моменталните приоритети се насочени кон зајакнување на интеграцијата и поврзаноста, забрзување на транзицијата кон зелена и одржлива иднина, и поддшка на поконкурентни, инклузивни и добро-управувани економии.
ЕБОР е мултилатерална банка која го промовира развојот на приватниот сектор и претприемачката иницијатива во земји во повеќе од 42 економии долж три континенти. Банката е во сопственост на 77 земји, како и ЕУ и ЕИБ. Инвестициите на ЕБОР се насочени кон поттикнување на економиите во регионот кон поголема конкурентност, инклузивност, д

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Вашето дете често се буди навечер? Дознајте што можете да направите на бесплатната онлајн обука на dm и „Матрона“!
АХВ и Ветеринарната комора партнерски ќе бараат решенија за предизвиците
Денеска се одржа саем на женско претприемништво „ЕКСПО 2026“