Провладиниот портал фронтлајн.мк во кој покрај Џабир Дерала и Бранко Тричковски пишуваат уште неколку апологети на власта објавува лажна вест за уредникот на плусинфо.мк Бранко Героски.
Иако Героски откако разбрал што е целта на пропагандата на фронтлајн.мк го предупредиил неговиот долгогодишен другар а сега шеф на порталот Џабир Дерала а овој му ветил дека веста нема да оди сепак лажната вест е објавена.
„Како Јане Ѓорѓиоски склепа грозна манипулација за мене и за српскиот безбедњак Живаљевиќ, како уредникот Џабир Дерала одлучи текстот да не оди (бидејќи содржи ноторна невистина) и како потоа оваа блуеница сепак се појави на порталот Фронтлајн“, пишува Бранко Героски во својата последна колумна на плусинфо.мк.
И обичен набљудувач може да види сека уште во насловот на порталот Фронтлајн: „Живаљевиќ, потстанарот на Героски” се прави обид да се врши пропаганда на штета на Героски. Дополнително текстот е опремен со фотографија од драматични сцени од упадот во Собранието на 27 април 2017 година на кои премиерот Заев е во преден план, целиот раскрвавен.
И за Героски пораката што сака да ја прати провладиниот портал е јасна:
„Героски има врска со Горан Живаљевиќ (претставникот на српската безбедносна служба кој се најде во парламентот на 27 април); следствено, Героски има врска со упадот и со крвавите настани; заклучок, Героски го раскрвавил Заев. Едноставна, грда манипулација. Пали кај простата маса. Нормално, целта е да се оцрни мојот лик. Сето тоа во рамките на сдсмовската кампања на оцрнување на критичарите на власта, што е во полн ек“, коментира Героски во текстот во кој објаснува како му се јавил на Џабир Дерала кој му е дологодишен другар и кој му ветил дека текстот нема да се објави но сепак подоцна тој бил објавен иако и на Дерала му било јасно дека се работи за грозна манипулација и лажна вест.
Во својот текст Героски прашува кој и зошто го навел Дерала да го објави текстот во кој се шират лаги.
За упатените е јасно дека се работи за нарачка од највисоките врвови на власта на кои Героски им направи непроценлива штета со објавувањее на аферата Рекет но и со други информациии кои што предизвикуваа нарушување на имиџот на СДСМ, премиерот Заев и владата.
Џабир Дерала освен што е уредник на фронтлајн.мк е шеф и на невладината организација Цивил која има уште еден портал Цивилмедиа во кој се бранат владините политики и се величи премиерот Заев а во кој колумни пишува Сашо Ордановски.
Целиот текст на Героски на овој ЛИНК
-Превземено од Инфомакс.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Состојбата со електричната енергија под постојан надзор – Координирана акција на клучните институции
JO: Осомничени уште три лица во предметот „Адитив“ меѓу кои и претседателка на ДКСК
Вицепремиерот Николоски оствари средба со Стивен Даути, министерот задолжен за Европа и Северна Америка во Обединетото Кралство