БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Сепак исплатата на повратот на ДДВ ќе биде до крај на месецот

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Поради технички причини сепак исплатата на повратот на ДДВ-то кој што го прави Министерството за финансии, ќе се пролонгира до крајот на годината.

Претходно беше најавено од страна на Мунистерката Нина Ангеловска дека до средината на декември повратот ќе биде реализиран, но реалната слика е што од вкупно околу 180.000 граѓани кои скенирале фискални само половината околу 90.000 добиле поврат на пари на своите трансакциски сметки, заклучно со денешниот ден.

„Законски повратот требаше да се исплати до крајот на месецот, но нашата заложба беше да се исплати побрзо, сепак останува до крајот на месецот да бидат сите исплатени. Станува збор за технички застој, бидејќи некаде има неточни податоци за трансакциски сметки кои ние ги проверуваме, а некаде граѓаните уште не ги внеле податоците за трансакциска сметка“,

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

-соопшти Сања Лукаревска која е Директор на УЈП.

Креирано од:


Пренеси го гласот