БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Бројот на убиени во Газа се искачи на 9000, погоден уште еден бегалски камп, обвинувања за геноцид

Пренеси го гласот

Официјални израелски извори соопштуваат дека е завршена операцијата за заобиколување на Газа, една недела од почетокот на копнената операција на палестинска територија.

“Нашите војници го завршија заобиколувањето на појасот Газа, центарот на територијата на терористичката организација Хамас”, соопшти на брифинг за новинарите Даниел Хагари- портпарол на израелската војска во текот на вчерашниот ден.

“Концептот за прекин на огнот не е на маса”, додал воениот претставник на 27 ден од војната меѓу Израел и Исламистичкото движење кое што е на власт во појасот Газа, која што беше поттикната од ненадејниот напад со ракети на Израел од страна на Хамас.

Од страна на претставник на палестинската власт е соопштено дека во Израелски воздушен напад е погоден бегалски камп во населбата Буреиџ во четвртокот убивајки најмалку 15 луѓе. Зборувајки за Ал Џезира Махмуд Басал рекол дека било тешко цивилни возила на одбраната и екипите за помош да пристигнат на лице место за да го расчистат местото на детонација.

Месното население соопштиле дека неколку луѓе биле заробени под рушевините. Ракетниот удар создал голем кратер и сериозно ги оштетил околните згради. Еден од преживеаните луѓе кои биле во близина ракетниот удар го споредил со земјотрес.

За болничките возила било речиси невозможно да интервенираат за спас на луѓето. Тој исто така сооптил дека болничките возила се снабдуваат со гориво од донации од приватните возила на палестинските граѓани поради тоа што Израел ги затворил сите канали за снабдување со нафта.

Повеќе од 9000 палестинци се загинати според извори на министерството за здравство на Газа од почетоккот на војната од пред повеќе од 3 недели.. Од овие над 9000 луѓе повеќе од 3700 убиени биле помлади од 18 години.

На израелска страна биле убиени повеќе од 1400 луѓе за време на 7 октомврискио напад на Хамас.

Седумнаесет израелски војници се убиени во Газа од почетокот на копнената операција.

Креирано од:


Пренеси го гласот