БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Централната власт ги саботира проценките на штетите од невремето во Лозово, обвинува градоначалникот Бошко Цветковски

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во врска со процесот за обесштетување на жителите на Лозово кои што беа погодени од силното невреме кое се случи пред неколку недели, градоначалникот Бошко Цветковски излезе во јавноста со своја реакција.

Градоначалникот Цветковски ги прозива централните власти предводени од СДСМ и ДУИ дека намерно не назначуваат вешти лица кои што треба да ги извршат проценките на штетите, со што ќе бидат изготвени елеборатите за да се помогне на оштетените граѓани на Лозово.

“Почитувани,

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

👉Би сакал да ве известам дека сеуште не ни се доделени вешти лица од Бирото за Судски вештачења, кои требаше заедно со комисиите за утврдување на штета на земјоделски површини, движен и недвижен имот, да излезат на терен и со својата стручност да придонесат во правилна проценка и уредно изготвување на елаборати..

⚠️Се сомневаме дека со намера не ни се доделени овие вешти лица, за подоцна да биде обвинета Локалната самоуправа за не навремена реакција, како не би се исплатиле штетите на граѓаните предизвикани од силното невреме,кое во неколку наврати ја зафати територијата на нашата Општина..

✅За таа цел, дадов задолжение на општинската администрација да ги повика членовите на комисиите и од утре да започнат активно со теренска работа, бидејки поголемиот дел од граѓаните во изминатиот период работеа сами, за да спасат колку можат од својот труд кој го вложиле во земјоделието и имотите, со цел да не останат и без тоа МАЛКУ што им остана!!

п.с. За мене граѓаните се на прво место и затоа, цврсто и одлучно секогаш ќе стојам на нивна страна‼️

⭕️За нештата да бидат појасни,во продолжение мојата изјава при при посетата на Министерот🎥

-стои во објавата на Градоначалникот на општина Лозово Бошко Цветковски.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace