БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Во СОУ “М.М.Брицо” Делчево примени вкупно 39 ученици во првиот уписен рок

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во рамки на првиот уписен рок за упис на ученици во средното образование во делчевската гимназија “СОУ Методи Митевски Брицо” според објавените прелиминарни листи на веб страната на училиштето, се примени вкупно 39 ученици.

Во двете стручни паралелки во Текстилно -кожарска струка со образовен профил Техничар за изработка на облека/Техничар за моделирање на облека (дуална паралелка), како и Хемиско -технолошка струка со образовен профил Прехранбен техничар (дуална паралелка) се примени вкупно 9 ученици. Во паралелките во Гимназиско образование кои што се од Општествено-хуманистичко подрачје, Природно-математичко подрачје и Јазично-уметничко подрачје се примени вкупно 30 ученици во рамки на првиот уписен рок.

Според преходно објавениот Конкурс за упис на ученици во прва година за учебната 2022/2023 година од страна на Министерството за образование и наука беше предвидено во I година да се запишат вкупно 195 ученици во 6 паралелки со настава на македонски јазик според наставните планови и програми за

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

1.Гимназиско образование вкупно 136 ученици во 4 паралелки,

2.Текстилно кожарска струка/ Текстил, кожа и слични производи

  • 25 ученици, 1 паралелка
  • образовен профил Техничар за изработка на облеката/ техничар за моделирање на облеката, со 45 поени минимум

како и за

3.Хемиско-технолошка струка/ Хемија и технологија

  • 25 ученици, 1 паралелка
  • образовен профил Прехранбен техничар, со 45 поени минимум

Ваквиот биланс на ппримени ученици во СОУ ММ Брицо Делчево ни одалеку не ги исполнува очекувањата за запишани ученици, со што сериозно се става под знак прашање планирањето на надлежните во министерството.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace