БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Честитка на Христијан Мицкоски по повод месецот на Рамазан

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ да ви го честитам месецот на Рамазан.

Рамазан за сите припадници од муслиманска вероисповед претставува радост, љубов, мир, верност но и претставува поттик за создавање на подобри односи со блиските, пријателите како и луѓето со добра волја.

Почитувањето на верските разлики и градењето на заеднички дијалог е од значаен интерес за доброто на сите граѓани и за иднината на Република Македонија. Само сплотени и обединети можеме да се спротивставиме на предизвиците, да ги решаваме проблемите и да изградиме успешна држава и просперитетна иднина за нас и нашите идни генерации.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Периодот се соочуваме со предизвикот од корона вирусот, а државата е со најсериозната економска криза досега. Имаме разрушување на стопанството, уништени бизниси, затворени работни места. И да не заборавиме на луѓето од првата борбена линија кои неуморно се борат против вирусот и даваат напор за ова полесно да се надмине.

Посакувам работите да се подобрат, да се променат, нешто за што заедно ќе се избориме.

Затоа во овие тешки моменти потребно е да се почитуваме, помагаме и негуваме подобри односи за да можеме да се посветиме на создавање праведна и почитувана држава Република Македонија.

Нека овие празнични мигови во денешниот ден донесат мир, радост и хармонија, но воедно и среќа и благосостојба кои ќе ве следат целиот живот, Вас и вашите семејства.

Креирано од:


Пренеси го гласот