Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев денеска упати своја реакција во јавноста во која говори за состојбите во редовите на високопозиционираните функционери на СДСМ и нивниот однос кон сите оние кои што не размислуваат со главата на Зоран Заев, Оливер Спасовски и Радмила Шеќеринска.
Тој ваквата пракса на највисоко позиционираните луѓе на СДСМ во власта ја нарече со фразата “пуштање низ вода” и потенцираше дека истата е присутна во СДСМ веќе подолго време назад.
Во продолжение ја пренесуваме интегрално реакцијата на Генералниот секретар на ВМРО-Јанушев на оваа тема:
“Компасот е одамна изгубен … или подобро е да кажам дека, всушност, никогаш и немале компас … затоа што се неспособни, затоа што знаат само да лажат, крадат и манипулираат со fake news … и како што веќе кажав – паѓаат, губат контрола или со други зборови изгубени се и “тиквата” почна да пука од внатре.
А, и како да биде поинаку? Покрај сета штета што ја направија за Република Македонија … покрај крадењето и лажењето … покрај неспособноста и безидејноста … покрај се ова, единственото друго што го видовме е како си прават “местенки” и “сопки” меѓусебе, само за “големците” да се спасат.
Последен во оваа низа на “пуштање низ вода” е Максо, градоначалникот на Куманово. Иако сме од различни политички опции, и иако имам сериозни критики за тоа како функционира локалната самоуправа во Куманово, нивниот градоначалник даде добар опис на тоа што ни се случува во последниве 3 години.
А, да ве потсетам дека уште пред околу 8 месеци предупредив дека ќе “пуштаат низ вода” … како ќе наближува времето до нивниот пораз и казна од народот овој “филм” ќе го гледаме се почесто во обид да си ја спасат сооствената “кожа”.
Прво, во Август 2019 година ги видовме првите соработници на Катица Јанева како се оградуваат со патетични изјави во стилот “ние никогаш не сме ни биле блиски, абре одвај се познаваме, по едно добро утро само во ходник си разменувавме”. Па, во Октомври 2019 година на ред дојде “курбан” да оди Фросина Ременски, па во Март годинава го “избањаа” и Стево Пендаровски.
Добро бре мајка му стара, не ги “научивте” ли Заев, Спасовски, Шеќеринска? Сите ќе ве пуштат “низ вода” само да пробаат да се спасат.”
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
ЈАВЕН ПОВИК за ангажирање волонтери во Министерство за дигитална трансформација
Зголемени температури во следните неколку дена – да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето
Тошковски: МВР формира нова Единица за сајбер безбедност која ќе биде клучен столб за дигиталниот суверенитет на институцијата