Од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Виница упатија своја реакција во јавноста во врска со потенцијалните проблеми со исплатата на плати за вработените во Јавното Претпријатие “Солидарност”.
Тие го обвинуваат актуелното раководство во јавното претпријатие за превработеност со партиски кадри поради што “Солидарност” се соочува со проблеми со исплатата на плати за сите вработени.
Во продолжение ја пренесуваме реакцијата на опозиционата ВМРО-ДПМНе во Виница:
“ЈП Солидарност сеуште нема исплатено плати на вработените за месец март, а неодамна директорот на ЈП додели решенија за 17 нововработени за коишто беше распишан оглас предизборно 👇
https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=3276368785711670&id=516148198400423
Дополнително цената на водата расте од година во година, наспроти предизборното ветување дека ќе ја намалат за 30%.
Дополнително неверојатни 7.300.000 денари се потрошени за партиските вработени преку Агенцијата за привремени вработувања само во 2019та година.
Дополнително долгот на ЈП спрема добавувачите во 2019та година споредбено со 2018та е зголемен за повеќе од 2.000.000 денари и вкупните краткорочни обврски се зголемени за 6.000.000 денари во однос на 2017та кога е превземено управувањето на ЈП од СДСМ!
Ова се само неколку факти за ‘домаќинското’ работење во ЈП Солидарност од страна на директорот Александар Трајков и неговиот претходник.”
За ваквата појава на прекумерно вработување на партиски кадри на локално ниво во Виница од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ реагираа уште во почетокот на оваа година:

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Градоначалникот на Делчево Иван Гоцевски дел од јавниот форум „Жените знаат што им треба“, во организација на Здружението „Гласен Текстилец“ во Штип
ПОТПИШАНИ ДОГОВОРИ ЗА РАБОТНО АНГАЖИРАЊЕ ВО РАМКИ НА ПРОГРАМАТА ЗА ОКР ВО ОПШТИНА ВИНИЦА
Распишан конкурсот за општински стипендии за академската 2026/27 година