БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Честитка по повод празникот Успение на Пресвета Богородица и Денот на Рударите од страна на Премиерот Христијан Мицкоски

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски по повод денешниот православен христијански празник Успение на Пресвета Богородица какко и по повод денешниот Ден на рударите упати своја честитка во јавноста преку социјалните мрежи.

“Дозволете во мое име да го честитам празникот Успение на Пресвета Богородица, со кој се прославува мајката божја која е олицетворение на мајчинска љубов, добрина, посветеност и грижа за обесправените, оние кои страдаат и на кои им е потребна добрина и веруваат во Бога.

Навистина е големо нејзиното дело и со право овој ден и празник наоѓа голема поддршка од верниот народ и се прославува со смирение, угодност и почит. Воедно денес e денот на рударите кој им го честитам од срце, посакувам среќа, Бог да ги чува низ сите предизвици и во овие моменти дозволете да испратам благодарност за нивната храбра и пожртвувана работа.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Тие се значаен дел од изградбата на нашата татковина, од напорите да ги стабилизираме состојбите и да ја извадиме државата кон правиот пат. Мојата заложба е да покажеме нормалност на состојбите и за прв пат после многу години со дела да демонстрираме дека државата прави и создава за своите граѓани и дека Македонија е повторно на народот.

Само заедно, обединети и со голема енергија на промените можеме да го постигнеме тоа. Нека е за многу години празникот Успение на Пресвета Богородица.”

-стои во честитката на Премиерот Христијан Мицкоски.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace