БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Левица: Продолжува систематското бришење на антифашизмот во Чаир и Тетово

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Продолжува систематското бришење на антифашизмот во Чаир и Тетово

Денес, функционери на ВРЕДИ и тоа – вицепремиерот и поранешен градоначалник на Чаир, Изет Меџити, и сегашниот градоначалник на Општината, Висар Ганиу, го обелоденија преименувањето на булеварот ,,Христијан Тодоровски Карпош” во ,,Мајка Тереза”.

За ситни политички поени и за продолжување на проектот на ДУИ за целосно бришење на антифашистичкото минато од оваа скопска општина, сега на ред дојде и овој булевар кој го поврзува северниот дел од градот со централното градско подрачје.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Претходно на овој тренд на преименување подлегнаа и улиците кои ги носеа имињата на чаирски народни херои: како ,,Цветан Димов” која стана ,,Хасан Приштина”; како улицата ,,Втора македонска ударна бригада” преименувана во ,,Адем Демачи” и Паркот на НОБ кој стана Парк Украина и во кој сега стои и биста на некогашниот американски претседател Вудро Вилсон, меѓу другите.

Напоредно, ВРЕДИ ќе менува и ДВЕСТЕ имиња на улици во Тетово по желба на неофашистичкиот градоначалник и со благослов од ДПМНЕ, од кои повеќето носат имиња од НОБ.

Исцртувањето на етнички линии и ,,беирутизација” на Скопје се соништа на политичката елита од албанските партии, за да се подели државата како политички плен и да се зголеми мизеријата на обичните луѓе. За овој план е потребно бришење на спомениците на антифашизмот, цел кон која и оваа Влада на ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ брза.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace