Најновите вести од Блискиот Исток говорат за превземање на контра мерки од страна властите на Обединетите Арабски Емирати во врска со нивниот државјаник Павел Дуров.
Откако сопственикот на социјалната мрежа Телеграм беше уапсен при слетувањето на неговиот авион на аеродромот во Париз, од ОАЕ излегоа со контра мерка која се одразува на односите на Блискиот Исток во геостратешка смисла. Станува збор за замрзнување на имплементацијата на договорот за набавка на 80 борбени авиони од Франција за потребите на Минитсрството за одбрана на ОАЕ што следува како одговор на официјални власти за апсењето на Дуров.
Ваквиот потег на властите на ОАЕ дополнително ја комплицира и така напнатата состојба во регионалните меѓународни односи на Блискиот Исток кои се во состојба на војна помеѓу Израел и милитантни воени групи кои делуваат во регионот.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Вака Доналд Трамп ја потпиша наредбата која забранува мажи да се натпреваруваат во женски спортови
Социјалната мрежа Rumble на Крис Павловски како и X на Елон маск биле таргет за цензура и супресија од страна на медиуми финансирани од УСАИД
Елон Маск открива дека УСАИД финансирале истражувања за биолошко оружје, вклучително и Ковид 19