БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Костадиновска – Стојчевска: ВМРО ДПМНЕ се обидува да ме извалка со лаги

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

На прес конференција од партиското седиште поранешната Министерка за култура во владата на Димитар Ковачевски Бисера Костадиновска Стојчевска одговори на прозивките од страна на пратеникот Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ во врска со трошењата која што Костадиновска Стојчевска ги правела со службената картичка од Министерството.

Почитувани граѓани, почитувана јавност, почитувани медиуми,

Најпапред да ви се заблагодарам за тоа што сте тука денес и што ми ја дадовте можност да одоговрам лично и во живо на лагите на ВМРО ДПМНЕ.
Увидовме дека имаат капацитет само за лаги и само за замајување. Толку е. за водење држава не. Денес стојам пред вас на оваа прес конференција затоа што најавија серијал за мене и за моето трошење.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Жалам што мојот две годишен мандат ВМРО ДПМНЕ се обидува да го извалка со лаги.

Еве ја вистината: Дел од трошоците кои ги презентираа се однесуваат на нужност да обезбедам основни услови за мое нормално функционирање на службено патување после лет на кој авио компанијата ми го изгуби багажот. И да, купив нови куфери од сопствена сметка и основни средства за службеното патување за да можам да патувам и да учествувам на состаноците во момент кога останав без багаж при патувањето во Лондон. Остантиот дел е тешка манипулација и целосна невистина.

Ама бидејќи се мајстори за изнесување лаги, го повикувам пратеникот Лефков, нека дојде со копија од мојата службена картица, ќе чешламе трошок по трошок на кој сака медиум. Нека одбере тој време и медиум. Јас стојам на располагање! Ако има криминал во моето работење нека повелат да ми го симнат имунитетот, имаат можност за тоа, и ќе се појавам пред кој сакаат судија! Ако се утврди неправилност, грешката ќе ја признаам и парите веднаш ќе бидат рефундирани. Ако не, ВМРО Фалсификаторска ќе добие тужба и уште еднаш ќе биде потврдена како дезинформатор и манипулатор на македонскиот народ.

Јас сум жена, политичар и човек кој мрази лаги – затоа секогаш реагирам веднаш и со вистината.

Одвратно е ова што го прават, ама нема да паднам на нивното ниво. Тие нека продолжат со лаги, а јас со вистина.

Не најдоа никако да ме оцртнат, не им се допадна извештајот од ДЗР за моето работење, не им се допадна што никој не може да го “стигне” трошењето на Бети, па нејзините две другарки денови поминале на гугл да наоѓаат места низ светот и да фалсификуваат сметки.

Дали ова е страв од тоа што предметот за нивната омилена министерка уште не е затворен, па ги фатило паника кога пред неколку дена добиле барање од ОЈО да ги предадат извештаите од нејзините три службени картички? Дали им е страв дека ќе се види таму вистинскиот шопинг од 30.000 евра во Италија?

Да сумирам. Сите трошења за мои лични потреби биле реализирани исклучиво од моја лична приватна сметка.

А, сите трошења кои биле нужни за службеното патување, биле реализирани од службена картичка, исклучиво согласно актуелните правилници и норми.”

-соопшти поранешната Министерка за култура во нејзина одбрана на прес конференцијата од седиштето на СДСМ:

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace