На вчерашната редовна седница на Советот на општина Гази Баба, советничката Марија Ѓошевска која доаѓа од редовите на политичката партија Левица, изјави дека ја напушта партијата и ќе делува како независен советник кој ќе дава поддршка на развојот на општина Гази Баба.
-Досега во Советот на општина Гази Баба делував како советник на Левица, а од денес ќе делувам како независен советник. Секогаш ќе останам на страната на народот и ќе ги поддржувам проектите кои ќе бидат во корист на граѓаните. Ќе работам со ист ентузијазам како и досега, без притоа да трпам притисоци кои досега ги трпев за наводен отчет пред партијата, наместо пред граѓаните. Како советник должам отчет пред граѓаните, а не пред партијата, изјави Марија Ѓошевска на почетокот на денешната седница на Советот на општина Гази Баба.
Советничка од Левица во Гази Баба ја напушта партијата pic.twitter.com/TcVjBCsuuS
— Курир (@KurirMK) August 27, 2024
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Никола Груевски со фотографија од натпреварот им го честита нерешениот резултат на репрезентативките во ракомет
Министерката Сања Божиновска во работна посета на АД ЕСМ, Подружница РЕК Осломеј
СДСМ: Безбедносниот систем потфрли, оставка од Тошковски и Јанев!