Претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска Давкова по повод денешниот голем христијански празник Успение на Пресвета Богородица упати своја честитка до сите граѓани кои денеска празнуваат.
“Нека ни е честит големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица.
Ви посакувам празникот да го поминете, пред сè, во добро здравје, во мир и спокој, исполнети со неизмерна радост и среќа.
Сите граѓани на Македонија, без разлика на родова, верска или етничка припадност се дел од едно семејство и затоа сложно и солидарно да го градиме нашиот заеднички дом, базирајќи го соживотот на меѓусебна почит, разбирање и добрина.”
-напиша на социјалните мрежи Претседателката Гордана Сиљановска Давкова.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Објава за изгубен Родовник
Ристески: Минималната плата мора да се зголемува системски, одржливо и во рамки на економските реалности
Прв заменик-претседател Беким Сали се сретна со европратеникот Матеј Тонин во Брисел