БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Честитка по повод Велигден од в.д. градоначалникот на Кочани

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Почитувани сограѓани,

Велигден е празник на надежта, светлината и обновата. Во овие денови кога го славиме воскресението како симбол на победата на животот над смртта, нашите мисли се особено со сите што поминуваат низ болка, тага и неизвесност.

Оваа година празничните ѕвона одекнуваат со длабока почит кон изгубените животи, со солидарност кон повредените и нивните семејства и со огромно сочувство кон родителите што ја живеат најголемата загуба. Нивните маки и маките на оние што се лекуваат нѐ потсетуваат на Исусовите страданија…

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Велигденската светлина нека ни даде сила да останеме обединети, да продолжиме да си помагаме едни на други и да не ги заборавиме оние на кои најмногу им треба поддршка.

Во име на Општина Кочани и во мое лично име на сите сограѓани им посакувам мир, здравје и духовна крепост.

Христос воскресе!

Венко Крстевски,

в. д. градоначалник на Општина Кочани 

-стои во честитката упатена до јавноста од страна на в.д. градоначалникот на Кочани Венко Крстевски

Креирано од:


Пренеси го гласот