Скопскиот треш метал бенд “Conspiracy” конечно пред своите фанови излегува со свој самостоен концерт. Овој целовечерен концерт на еден од највиталните македонски метал бендови доаѓа по серија гостувања на различни сцени низ државата и по издавањето на нивниот втор авторски албум.
Концертот ќе се одржи на сцената на Младинскиот Културен Центар во Скопје на 31 октомври 2025 година со почеток во 20.30 часот, а загревањето на сцената е резервирано за бендот Последен Удар како и Стефан Петановски.
“По објавувањето на вториот албум „Заговор“ и успешната летна турнеја, Conspiracy со гордост го најавува првиот самостоен концерт во Младински Културен Центар – Скопје, на 31 октомври 2025.
Conspiracy е македонски треш/хеви метал бенд формиран во Скопје во 2016 година. Потекнувајќи од урбаните улици на Скопје, членовите на бендот првично се поврзале преку заедничката љубов кон металот, рокот, пaнкот и андерграунд музичката сцена. Она што започна како група млади музичари кои се дружат по кафулиња и посетуваат локални свирки, прерасна во моќна музичка сила која денес е едно од највпечатливите имиња на регионалната метал сцена.
Обединети од страста и љубовта кон музиката, Conspiracy создаваат авторски материјал кој кулминира со деби албумот „Dehumanized“ (2019), сурово и агресивно издание што веднаш привлече внимание.
Во 2020 година, со сегашната постава – Стефан Трајкоски (гитара/вокали), Адриан Петров (соло гитара), Александар Стефановски (тапани) и Раде Биковски (бас), бендот го усовршува својот стил, комбинирајќи брзи и хеви рифови со позрела и поуникатна звучност. Со сингловите „Гнев“ и „Прогонува“, Conspiracy го дефинира новиот правец и ја потврдува својата репутација, настапувајќи на бројни фестивали низ Балканот.
На 6 јуни 2025 година излегува нивниот долгоочекуван втор албум „Заговор“, бескомпромисно издание кое ја комбинира класичната треш енергија со модерни метал грувови, покажувајќи ја зрелоста, страста и посветеноста на бендот кон метал сцената.
Official Page: https://conspiracyofficial.com/
Facebook: https://www.facebook.com/Conspiracymk
Instagram: https://www.instagram.com/conspiracy.mk/
YouTube: https://www.youtube.com/@conspiracyofficial666
Како поддршка ќе се придружат:
– Последен Удар
Последен Удар е бенд кој го носи звукот на панк рок, ои и стрит панк, прикажувајќи ја сликата на бетонската џунгла во нивниот роден град Скопје, Македонија.
Формиран во 2017 година, со издадени два студиски албуми:
„Не сме како вас“ – 2019;
„Сега и засекогаш“ – 2023;
едно истоимено ЕП во 2018 година и неколку музички видеа, тие повремено можат да се сретнат како испорачуваат енергични настапи и пијат пиво во клубови и на фестивали низ нивната околина.
Facebook: https://www.facebook.com/posledenudar
Instagram: https://www.instagram.com/posleden_udar_official/
YouTube: https://www.youtube.com/@posledenudar_official
– Стефан Петановски
Стефан Петановски е гитарист, композитор и продуцент од Скопје. Со гитара се запознава на седумгодишна возраст, а уште како дете започнува да настапува низ земјата. Неговиот стил комбинира прогресивен рок и метал, а дисциплината и посветеноста му овозможуваат да изгради препознатлива техника.
Во 2019 година го издава првиот соло албум „Architect of Reality“, а во 2021 следува „Eros“ со гости како Eric Gillete и John Waugh. На тој албум е инспириран и документарецот „Создавањето на Ерос“, прикажан во Кино Фросина. Во 2024 го најавува концептуалниот проект „Thanatos“.
Со својот бенд настапува на фестивали како Бела Ноќ, Виноскоп и Underfest, а во 2022 отвора за Deep Purple во Скопје со Station: Innermost. Има работено и со Spectrum, Chromatic Point и бројни артисти од регионот. Освен како изведувач, активен е и како продуцент и професор по гитара во „Music School Enterprise“.
Facebook: https://www.facebook.com/StefanPetanovski.SP
Instagram: https://www.instagram.com/stefanpetanovski/
YouTube: https://www.youtube.com/@stefanpetanovski
Специјални гости:
Shpirt & Crni од легендарниот метал бенд Sanatorium, едно од највлијателните имиња на македонската метал сцена.
Facebook: https://www.facebook.com/sanatoriumbandofficial
YouTube: https://www.youtube.com/@sanatorium2011
Не пропуштајте ја оваа незаборавна металска Halloween вечер, ќе биде брутално! Маски optional!
31.10.2025 (петок)
МКЦ – Скопје (Dancing Hall)
19:30 часот
Влезниците се достапни online на https://mktickets.mk/event/cons/
► Early Bird (првите 100 влезници) → 300 ден.
► Редовна цена → 400 ден.
► На врата → 500 ден.
СПЕЦИЈАЛНО КОМБО:
► Влезница + T-Shirt + CD „Заговор“ → 1200 ден.”
-стои во промотивниот текст објавен на социјалните мрежи во врска со настанот.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Хероизам во најчиста форма
Раскошниот звук на класичната гитара на маестро Дејан Лазаревски допре до срцата на присутните делчевчани на вчерашниот концерт
Александра Јуруковска е добитничка на наградата „Даница Ручигај“ за 2025 г.!