БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Раскошниот звук на класичната гитара на маестро Дејан Лазаревски допре до срцата на присутните делчевчани на вчерашниот концерт

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Кога музика што потекнува од ризницата на светски афирмирани автори, ќе прозвучи во Фоајето на Спомен домот АСНОМ во Делчево, тоа донесува особено чувство на топлина, на гордост, на припадност.

Маестро Дејан Лазаревски со својот уметнички доем синоќа во овој храм на културата, на најубав можен начин упати порака што може да создаде беспрекорна музичка композиција…. магија која отвара хоризонти…. инспирација која поттикнува нови приказни,… задлабоченост која буди спомени….

Сите ние имаме света обврска преку културата да создадеме заедница на успеси, на просперитет и развој. Таа моќ културата ја има, а наша силна посветеност е тоа да го искористиме за да ја уредиме нашата општина како посакувано место за живот.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Концертот на проф. Дејан Лазаревски во Фоајето на Спомен домот АСНОМ кој се одржа во петок 05.09.2025 година со почеток во 19..30 часот имаше свој повод: Денот на ослободувањето на Делчево и Денот на независноста на Република Македонија. Тоа се значајни датуми за кои вреди да се афирмираат врвни културни вредности за да упатиме заедничка порака за подобро утре.

Наша основна заложба е вакви културни вредности да ги доближиме до пошироката публика во Делчево во наредниот период, за што како институција сме целосно фокусирани и посветени.

Затоа што Делчево тоа го заслужува

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace