БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Важен момент во изјава е повикот на Венко Крстевски, Кочани “да внимава” за кој гласа и јавното давање “ЈАС” ветувања.

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Кочани ја алармира јавноста за предвременото и противзаконско започнување на кампања за локални избори од страна на в.д. градоначалникот на Кочани Венко Крстевски.

Во продолжение интегрално го пренесуваме текстот на јавното соопштение упатено во јавност од страна на ВМРО-ДПМНЕ ОК Кочани.

“Најстrого го осудуваме предвременото и противзаконско започнување на кампања за локални избори.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

В.Д. градоначалникот на Кочани уште еднаш покажа дека за него законот не важи – важно е само снимањето и евтината политичка реклама.

Без правосилно решение, без план за безбедно уривање, без лиценцирана фирма, без инспектор, без обезбедување на јавниот простор и без одговорност за шутот – нема законско рушење! Сè друго е злоупотреба на функција и измама кон јавноста.

Кочани не смее да биде жртва на кампањата на „в.д. актерот“ кој наместо да решава проблеми, снима пропаганда.

Според изборниот законик секоја јавна активност (настапи, говори, реклами, плакати, билборди, видеа, јавни настани) со која кандидат или партија бараат поддршка од гласачи пред официјалниот почеток на кампањата е предвремена кампања!

Особено важен момент во денешната изјава е повикот на Венко Крстевски, Кочани “да внимава” за кој гласа и јавното давање “ЈАС” ветувања.

Со што денешниот настап се смета за настап за противзаконска себе-промоција, предвремено започнување на кампање и соодветно на тоа упатуваме јавен повик:

• До Јавното обвинителство – веднаш да отвори истрага против Венко Крстевски за кривични дела “злоупотреба на службена положба” и “малтретирање во вршење на служба” за целите за лично водење на кампања и стекнување со политичка функција.

• До ДИК и Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) – повик итно да постапи за предвремено започнување кампања и за очигледното користење на јавната функција за изборна кампања.

А споменувањето на трагедијата во секоја втора реченица, правењето несоодветни споредби и завршните зборови со кои повикува на гласање за самиот себе со “суптилна закана” -“да не се соочиме со вакви работи повторно” само укажуваат на лице без никаква совест, исклучиво воден од желбата за власт!

Кочани не е сцена за лична кампања!”

-стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ ОК Кочани.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace