БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Д-р Николчо Стојменовски: Музиката е патоказ за годините што се пред нас да работиме заедно за развојот на културата и воопшто општиот развој на Делчево

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Д-р Николчо Стојменовски кој што е еден од најреспектираните ветеринарни лекари помеѓу граѓаните во Делчево но и пошироко помеѓу неговите колеги, не е лице што постојано коментира општествени процеси а неговите ставови се и тоа како пожелни во јавноста во Делчево бидејќи станува збор за кредибилен интелектуалец кој што со својата работа постојано е во комуникација со граѓаните. Преку социјалните мрежи утринава Д-р Николчо Стојменовски упати своја кратка порака во врска со синоќешниот концерт на класична гитара на маестро Дејан Лазаревски кој што го проследи заедно со неколкумина свои соработници и пријатели.

“Во предвечерие на Денот на ослободувањето на Делчево и Денот на независноста на Република Македонија, заедно со повеќе љубители на класична музика имавме можност да го проследиме концертот на маестро Дејан Лазаревски во Фоајето на Спомен домот АСНОМ во Делчево.

Музиката има моќ да зближува и да инспирира. Оваа невидлива звучна сила е јасен патоказ дека мораме во годините што се пред нас да работиме заедно за развојот на културата и воопшто општиот развој на Делчево. Следуваат поубави денови за нашето Делчево.”

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

-напиша на социјалните мрежи Д-р Николчо Стојменовски во врска со концертот кој што се одржа вчера во Фоајето на Спомен домот АСНОМ во Делчево во организација на НУЦК “Никола Јонков Вапцаров” Делчево.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace