БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Цуцуловски: “Импровизации и двојно разголување”

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Ако некој имаше илузија за способностa на актуелната власт, верувајќи дека подршката што ја добива од „меѓународната заедница“ говори во прилог на нејзините квалитети, денес, после скандалозната замена на австриско знаме со знамето на Латвија/Летонија, губи секаква смисла.

Оваа ретко видена импровизација, на сосема едноставен начин, ги разголи „капацитетите“ на македонските властодршци. Од друга страна, јасно се покажа кого подржуваат епизодистите од ЕУ и НАТО. Веројатно секому стана јасно дека свесно (токму така, свесно!) подржуваат самобендисани пауни, суштества неспосбни за било што, освен за неспособност. Дури сега станува разбирлив мотивот зошто „меѓународната заедница“ толку страсно подржува нелегална и нелегитимна власт, бидејќи било кој измеќар за неа е добродојден. „Колку понесмасен и неук, толку подобар!“ – е принципот според кој ЕУ и НАТО некого устоличуваат на власт. Во исто време, паднаа сите лаги на „меѓународната заедница“, поврзани со „грижата“ за македонската добробит. И, што не е за занемарување, подготвена е да проголта сѐ, само ако тоа оди во нејзина корист, бидејќи било кој политичар од стар ков (како што обично се вели) демонстративно ќе ја прекинеше посетата.

Според тоа, помеѓу новите господари и новите лакеи не постои суштинска разлика. Нивната морална матрица е иста – лага до лага, до некоја наредна лага, без какво било достоинство.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace