БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Цветан Трипуновски: 1 килограм грозје се продава за 4 денари, ова е срамота! Ова е мизерно!

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во врска со ниската откупна цена по килограм грозје што ја добиваат лозарите за својот целогодишен труд во јавноста со свој став се обрати Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ:

“Три години гласно кажуваме дека СДСМ не знае во кој правец ја води државата. Три години економијата тоне, земјоделството е на апарати за дишење, а граѓаните во апатија и разочарување ја напуштаат државата.

Стануваме држава без народ. Лошата економска состојба, погрешните политики и целосната незаинтересираност на власта за народот дојдовме до ова.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

1 килограм грозје се продава за 4 денари, ова е срамота! Ова е мизерно!

Заради ова потребни се промени. Државата, народот, целиот социо-економски систем не може ова да го издржи.

Народот сака да оди напред! А СДСМ упорно го заглавува во калта, во едно криминално минато, од кое профитираат само поединци,”

-напиша поранешниот заменик министер за земјоделие шумарство и водостопанство во техничката влада од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Креирано од:


Пренеси го гласот