Дополнителниот заменик министер за земјоделие, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски ја објави убавата вест за тутунопроизводителите со кои што во изминатите неколку денови колку што е на позицијата во министерството секојдневно беше во комуникација со овие луѓе и вршеше притисок во јавноста за зголемување на цената на тутунот од минатогодишната реколта.
Успехот за зголемувањето на цената на македонското жолто злато е заеднички и само со заеднички сили во иднина правото за достоинствен живот на земјоделците може да се етаблира како политичка филозофија и реалност за оваа огромна група на Македонски граѓани.
“Целта е постигната во интерес на тутунопроизводителите!
Денеска тутунот се откупува по цена од минимум 360 денари за килограм на сите откупни пунктови, со ова успеавме да достигнеме рентабилна цена и го спасивме производството на тутун за оваа година.
Изразувам огромна благодарност до сите откупувачи кои го прифатија мојот предлог за поткревање на откупната цена на тутунот!”
-соопшти преку социјалните мрежи Цветан Трипуновски.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист
Гордоста на Брегалничкиот регион- Ансамблот “Македонија” во Делчево ја покажа најсилната страна на Македонскиот идентитет
Вашето дете често се буди навечер? Дознајте што можете да направите на бесплатната онлајн обука на dm и „Матрона“!