Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе изгради клинички во Скопје и Штип, со цел достапност на квалитетни здравствени услуги до сите граѓани.
Регионализацијата како концепт во здравството е важен, со цел граѓаните од цела држава да добијат квалитетни и брзи услуги.
Истовремено владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги зајакне капацитетите на Итната медицинска помош, со цел брза и квалитетна првична реакција.
Мерките кои имаат за цел најбрзо да ја подобрат состојбата во здравството ќе започнат со проширување на позитивната листа на бесплатни лекови.
ВМРО-ДПМНЕ преку Национална стратегија ќе инвестира во континуирана медицинска едукација, како и креирање на ефективен и ефикасен здравствен систем.
-соопштение на ВМРО-ДПМНЕ упатено до јавноста

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист
Гордоста на Брегалничкиот регион- Ансамблот “Македонија” во Делчево ја покажа најсилната страна на Македонскиот идентитет
Вашето дете често се буди навечер? Дознајте што можете да направите на бесплатната онлајн обука на dm и „Матрона“!