Дополнителниот Министер во Министерството за земјоделие шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска во јавност го претстави својот првичен тим составен од Совет на земјоделци и Совет на професори со чија што работа ќе започнат да создаваат подобри услови за земјоделците како и подобрување на земјоделските политики кои до вчера го клекнаа на колена земјоделието.
Од денеска почнува подготовка за обнова на Македонија. Земјоделците од денеска во ВМРО-ДПМНЕ имаат заштитник и партнер, кој ќе работи во нивна корист. Воден од смислата за создавање подобри услови и поквалитетни земјоделски политики формирав Совет на земјоделци и Совет на професори експерти, кои ќе ме советуваат и работат во корист на земјоделците,
-изјави во јавноста Трипуновски.
Совет на земјоделци, е составен од шест члена меѓу кои земјоделци и земјоделски лидери од цела република, додека Советот на професори експерти ќе биде составен од шест члена професори, експерти и докажани луѓе во своите области.
Моите советници нема да ги чинат граѓаните ниту еден денар.
Совет на земјоделци го сочинуваат Златко Стојчев лозар-овоштар од Росоман, Драги Памуков градинар од село Куклиш, Струмица, Драгољуб Гаврлиов оризар од село Чешиново, Зоран Илиевски овоштар од Ресен, Митко Јанков сточар од село Ораовец од Велес и Николче Илиевски тутунар од Село Добрушево од Могила.
Совет на професори експерти го сочинуваат професорите Драги Димитриевски од Земјоделски факултет, Златко Трајанов од Шумарски факултет, Миле Јакимовски, Трпе Ристовски од Ветеринарен факултет, како и Владимир Џабирски и Тошо Арсов од Земјоделски факултет.
Исто така Цветан Трипуновски преку социјалните мрежи упати порака за своите заложби да им помогне на земјоделците во обезбедување на нивната егзистенцијалност:
Денеска почнува падот на СДСМ, Зоран Заев е минато. Од 12 април и СДСМ заминува во историјата.
МЗШВ од денес е во служба на земјоделците и од денес земјоделците имаат заштитник во мене. По 12 април следува обнова.
-напиша на фејсбук дополнителниот министер во МЗШВ.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
ЈАВЕН ПОВИК за ангажирање волонтери во Министерство за дигитална трансформација
Зголемени температури во следните неколку дена – да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето
Тошковски: МВР формира нова Единица за сајбер безбедност која ќе биде клучен столб за дигиталниот суверенитет на институцијата