БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Министерката за труд и социјални политики Рашела Мизрахи започна со работа: Министерството на проблеми мора да стане Министерство на решенија

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денешниот прв работен ден Министерката за труд и социјални политики Рашела Мизрахи назначена од ВМРО-ДПМНЕ го започна со првични согледувања на состојбите во министерството.

Притоа таа упати повеќе пораки до јавноста во кои може да се согледаат нејзините генерални заложби за сузбивање на сите негативни производи од досегашните штетни политики на Мила Царовска и СДСМ во овој значаен ресор за граѓаните на Република Македонија.

Во продолжение го пренесуваме соопштението до јавноста на Рашела Мизрахи:

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Првиот работен ден во Министерството за труд и социјална политика.
Министерството на проблеми мора да стане Министерство на решенија. На секој човек да му се понуди шанса и надеж дека може и мора подобро. Мораме да бидеме свесни дека станавме општество со нерамномерен развој на нерамноправни поединци. Сиромаштијата е галопирачка, ранливите категории граѓани се на маргините. Достоинството на пензионерите е разнишано. Мобингот кој е широко распространет се става под тепих и за жал не е тема за која се зборува. Улогата на жената мора да се почитува. Центрите за социјална заштита не смеат да бидат алатка за партиска политика, туку алатка за заштита на оние на кои им е потребна социјална заштита.
Доаѓа време на одлуки и промени.
Чекор по чекор кон обнова за подобра иднина.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace