БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Цветан Трипуновски: Имаме еден сериозен проблем со пласманот на пролетната зелка

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денеска сум во посета на Струмичкиот регион затоа што до мене стигаат безброј замолници и укажувања да се биде помеѓу земјоделците бидејќи како имаме еден сериозен проблем со пласманот на пролетната зелка. Она што сакам да го кажам е дека во услови на една светска пандемија и најголемите светски маркети во европските држави се со празни полици, ние се соочуваме со пласманот на зелката.

Она што сакам да го посочам од тука е да укажам дека треба навистина на земјоделците коишто нареднава година ќе биде исклучително тешка, со оглед на мерките коишто се превземаат за заштита од коронавирусот, сакам да предложам сите заостанати субвенции од изминатава 2019 година да бидат исплатени за земјоделците, се со цел да имаат прилив на средства со коишто ќе можат да ја одржат и оваа производна 2020 година.

Тука сакам да ја предложам мерката три денари за предадена „куртова капија“ во преработувачките капацитети коишто нормално во овој дел од Македонија највеќе се произведува.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Втората работа е тоа што сакам да апелирам до владата, да ги искористи сите меѓународни контакти за да се обезбеди пласман за пролетнава зелка, затоа што не тој начин ќе помогнеме и на откупувачите и ќе помогнеме и на земјоделците да го пласираат овој производ.

Така да со овие сет на мерки треба да се овозможи да македонскиот земјоделец има прилив и да го пласира својот производ, затоа што ние како македонска држава на овој вреден земјоделец треба да создадеме услови за да тој може да произведува во оваа тешка година.

Креирано од:


Пренеси го гласот