БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Цветан Трипуновски кон власта: Не им го земајте лебот од уста на земјоделците

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Цветан Трипуновски денеска на прес конференција од Струмица реплицираше на прес конференцијата на поранешниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство- Љупчо Николовски кој што сега како генерален секретар на СДСМ денеска се обрати во јавноста.

Трајан Димковски се исплаши, па мораше да го повика на помош Љупчо Николовски да го брани. Љупчо и ти и Трајан и Зоран Заев, сите заедно сте виновни за лошата ситуација во македонското земјоделство.

Ти Љупчо заедно со Зоран Заев им ветивте на лозарите сигурен откуп и високи откупни цени. Па нели ти е срам Љупчо што три години ништо не направивте!? Сигурен откуп нема, а цените се ниски, по ниски од што беа.

-рече Цветан Трипуновски и продолжи:

Земјоделците се напатени луѓе, кои со што многу труд и пот си го заработуваат лебот.

Немојте само да им го земате од уста.

Но Љупчо, бидејќи Трајан те викна тебе да го браниш, а ти сигурно ќе го викнеш Зоран Заев, кажи му на Заев дека земјоделците не ви простуваат. Од тука од земјоделска Струмица јас ви порачувам дека на СДСМ му се гледа крајот.

Во продолжение погледајте ја целата прес конференција на членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ , Цветан Трипуновски:

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Креирано од:


Пренеси го гласот