БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Пандов со интересни околности за аферата “Рекет II”

Пренеси го гласот

Во Македонија, поради огромната продукција на скандали и афери реално човек е тешко истовремено да ги следи сите во исто време. Меѓутоа деновиве јасно се избистрија контурите на новата афера Рекет II во која главни актери се директорот на Фондот за здравство Ден Дончев и Венко Филпче во улога на Министер за здравство.

Далечната 1998 година, пролетта на неколку месеци пред парламентарните избори на состанок на Извршниот комитет, под точка разно зема збор претседателот на Советот на интелектуалците, академикот Никола Кљусев и не информира дека имал интересна средба со Џим Данев, нашинец од Австралија, од кого слушнал доста интересни идеи и информации. Притоа со нас го сподели и чувството кое го имал во текот на средбата за момчево, а тоа е дека ликов е поврзан со странска разузнавачка служба. Љупчо и Доста се заинтересираа кој е Џим Данев, па откако Кљусев го дообјасни неговото потекло, двајцава сфатија дека фактички Кљусев погрешно го запамтил името и дека се работи за Ден Дончев.

Подоцна на далеку и на широко е позната неговата улога во продажбата на Македонскиот Телеком, како и во продажбата на Македонска банка. И кога после се тоа не му фалеше влакно од глава, го гледаш Ден изиграл и со Заев, па овој ни помалку ни повеќе му го дава пребогатиот Фонд за здравство да го раководи. Си викаш мајку му што може да ги поврзе Дончев и Заев, али познавајќи им го минатиот ,,труд” сфаќаш дека огромната желбата за лесна пара и те како ги поврзува.

Па така од пишувањето на Геровски и Милошоски за Рекет II дознаваме дека кривичните пријави кои се поднесени кон Дончев и Филипче ги теретат дека од одредена Македонска компанија рекетирале по 60.000 еура месечно, пари кои биле носени во Струмица кај одреден благајник со брада! Во какви торби се носени парите немам информација, али не верувам дека биле Луј Витон, познавајќи ја Вера Иванова.

Народот убаво рекол: ,,Човечко око не наситно”!

Фејсбук статус на Александар Пандов

Креирано од:


Пренеси го гласот