БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

ВМРО-ДПМНЕ почнува нова акција “Разговараме со граѓаните за обнова на Македонија” најави Христијан Мицкоски

Пренеси го гласот

Во своето интервју за МИА, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за претстојниот период најави нова партиска активност именувана како “Разговараме со граѓаните за обнова на Македонија” која што ќе понуди решенија и конечниот резултат ќе биде Програмата. Оваа акција ќе трае до средината на декември месец, ќе имаме најмалку пет настани неделно во поголемите, помалите градови, во населените места, рурални и урбани средини…

Ова е прашањето поврзано со идните активности на партијата како и одговорот на Претседателот Мицкоски:

Како ќе ги убедите граѓаните воопшто да излезат на гласање имајќи ја предвид нивната замореност од излегување на избори, на гласање…од друга страна, разочараноста од политичките елити, што финишираше со последниот случај со Катица Јанева? Немате ли страв дека на следните избори би можело да има помала излезност, не само за вас туку воопшто како гласачко тело?

Се согласувам потполно со вашата констатација дека можеби на граѓаните им е преку глава од избори и дека постои генерална разочараност од политичките елити кои во одредени моменти ги изневериле нивните очекувања. Тоа јас лично на терен го гледам, го слушам, бидејќи сум често на терен помеѓу граѓаните, помеѓу партиските истомисленици, но и помеѓу партиските неистомисленици, но и оние неопределените и за време на претседателската кампања имав можност со илјадници наши сограѓани имав можност да разговарам за она што ги тишти практично, за нивните есенцијални проблеми и слично. Дојдовме до еден заклучок што го разговаравме на последната седница на Извршниот комитет дека мора да иновираме и во пристапот, но и во понудата која што ќе ја дадеме на следните парламентарни избори. Донесовме еден заклучок за една иновативна изборна програма која ќе биде перцепирана во смисла на тоа да понуди решенија за реалните проблеми на граѓаните и тие решенија не секогаш чинат пари и еден дел што ќе биде стратешки, кој што практично ќе ги даде контурите на идниот развој на Република Македонија. И во име на тоа следната недела започнуваме со една акција која ние ја именувавме како „Разговараме со граѓаните за обнова на Македонија“, која што ќе понуди решенија и конечниот резултат ќе биде Програмата. Оваа акција ќе трае до средината на декември месец, ќе имаме најмалку пет настани неделно во поголемите, помалите градови, во населените места, рурални и урбани средини…Ја поставивте дилемата за излезноста, ќе биде пеколно тешко, да се врати довербата, но јас сум убеден дека уште за време на кампањата за предвремените избори голем дел од граѓаните ќе ја дадат поддршката за ВМРО-ДПМНЕ, а после првите неколку месеци, година дена од новата Влада која што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ ќе докажеме и ќе покажеме дека тоа што сме го кажале тоа и ќе го спроведеме, тоа што не можеме да го спорведеме, отворено ќе ги кажеме причините зошто тоа не можеме или со задоцнување ќе го спроведеме. Но врз основа на реалните проблеми кои што ги имаат граѓаните таков ќе биде и нашиот пристап, такви ќе бидат и нашите ветувања. Не би сакал да се доведат до ситуација тоа што ќе го кажам да не го реализирам. Сето ова не го поминувам за на крај да се избрукам и да се засрамам пред граѓаните. Напротив сакам и после крајот на мојата политичка кариера како претседател, или можеби утре како човек кој ќе ја предводи Владата, повторно да шетам со гордо крената глава и повторно да комуницирам со граѓаните исто како што тоа го правам сега, достоинствено без да се срамам и без да ги изневерам нивните очекувања. Тоа беше и останува единствен мој мотив, зошто практично се пријавив и овие нешто повеќе од 21 месец ја предводам најголемата политичка партија во Република Македонија. Ние мора да оставиме историска улога. Моментот за оставање на историска трага и играње на историска улога е токму сега.

Во продолжение погледајте го целото интервју со Мицкоски:

Креирано од:


Пренеси го гласот