Проф. д-р Владимир Рендевски, неврохирург на Универзитетската клиника за неврохиругија во видео-обраќање порачува дека органодарителството е висок морален и хуман чин. Видео-обраќањето е во рамки на националната кампања, што се реализира под мотото „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста!“.
- Денес се наоѓаме во одделот за интензивно лекување на нашата клиника, што претставува втор по големина оддел за интензивно лекување во Македонија, после КАРИЛ. Во нашата секојдневна клиничка пракса може да кажам дека се соочуваме со најтешко болните и критични пациенти од нашата неврохируршка патологија и за жал, во одредени моменти констатираме кај одредени тешки пациенти, мозочна смрт. Тоа е една иреверзибилна состојба од којашто, за жал, пациентот не може да биде повторно вратен со закрепнување во нормална состојба. Во тој момент многу е важно одлуката на самите семејства, кај пациенти што се потенцијални донори, да биде позитивна. Апелирам семејствата на најблиските да дадат позитивна согласност за тие пациенти, да се пристапи кон органодарителство, што претставува висок морален и хуман чин, истакнува проф.д-р Рендевски.
Министерот за здравство, Азир Алиу посочува дека со ова видео ја продолжуваме кампањата „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста!“, за да ја зајакнеме јавната свест, довербата и подготвеноста за разговор на оваа тема.
- Последните трансплантации на срце и бубрег уште еднаш нè потсетија дека зад секој спасен живот не стои само медицинска експертиза, туку и една длабоко хумана одлука. Најсилната порака денес доаѓа од докторите, затоа што тие секојдневно ги гледаат и болката на семејствата и надежта на пациентите што чекаат трансплантација, порачува министерот за здравство, Азир Алиу.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Напредува процесот за новиот експресен пат Кочани- Делчево согласно предвидената динамика: Презентација на техничкото решение во Делчево
Градоначалникот на Делчево Гоцевски оствари средба со активисти на невладината организација “Жена” од Делчево
Тошковски на промоцијата на Националната стратегија: Значително намален бројот на жртви во сообраќајот, Македонија во конкуренција за светско признание за сообраќајна безбедност на светскиот полициски самит во Дубаи