БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Да ги пречекаме летните денови подготвени со домашен сладолед од кокос и бело чоколадо

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Највкусното летно освежување е секако сладоледот. Не постои личност која не ужива во ова слатко задоволство, а посебно најмладите. Пробајте го овој преубав домашен рецепт доколку уживате во белиот сладолед и вкусот на кокосот.

Потребни состојки:

  • 250 милилитри вода
  • 60 грама кокосово брашно
  • 150 милилитри кокосово млеко
  • 150 грама кисела павлака
  • 150 грама слатка павлака
  • 75 грама шеќер
  • 75 грама бело чоколадо
  • 1/2 кафена лажичка екстракт од ванила

Загрејте ги водата и кокосовото брашно во тенџере, на тивок оган и со постојано мешање. Потоа додајте го млекото и варете уште 3 минути. Тргнете го тенџерето од оган и оставете го да отстои уште 5 минути. Со помош на рачен миксер, матете додека не добиете каша, па исцедете го млекото со цедалка.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Направете цврст шлаг од слатката павлака, повторно со помош на миксерот. Потоа стопете го белото чоколадо на пареа и оставете го малку да се олади. Во посебен сад, измешајте ги кокосовото млеко, киселата павлака, шеќерот и ванилата. Матете со миксер додека не се стопи шеќерот и додека не се појават балончиња на површината.

Постепено додавајте го шлагот во добиената смеса, а потоа и стопеното чоколадо заедно со исцеденото кокосово брашно. Добро промешајте. Добиената мешавина префрлете ја во пластичен сад со капак или прекријте ја со фолија.

Ставете го сладоледот во замрзнувач на најмалку 4 часа. Пред јадење, извадете го на 10-тина минути со цел да ви биде полесно да го сервирате. Уживајте во слаткиот десерт!

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace