“Хаосот и безредието веќе подолго време се присутни во локалните институции во Делчево
За раководните лица и функционери на СДСМ Делчево не важат закони, добри практики на владеење и работа во интерес на граѓаните, туку е присутно самоволие базирано на желба за личен профит и себепромоција.
Директорката на ЈЛБ “Илинден” Билјана Петровска заедно со директорката на детската градинка Весели Цветови Билјана Симовска во јавноста на своите лични фејсбук профили споделуваат фотографии од едногодишни и двегодишни дечиња кои се сместени во детските јасли во градинката без дозвола од нивните родители
Која е таа потреба и со какви мотиви двете директорки заедно со нивните вработени незаконски објавуваат фотографии од деца на социјалните мрежи?
За овој хаос да биде целосен, надворешните лица предводени од Билјана Петровска со НЕСООДВЕТНИ чевли со кои газат насекаде влегуваат во просториите каде дечињата лазат по подот
Дали на овој начин надворешните лица со одобрение на вработените во градинката намерно ги изложуваат дечињата на нечистотиите од нивните НЕСООДВЕТНИ чевли?
Очигледно скандалот со колењето на домашни животни во дворот на детската градинка не послужил за поука на директорката на градинката Билјана Симовска па таа продолжува и понатаму со нејзиното работење проследено со овие индиции за прекршување на законите и конвенцијата за детски права.
Дали знаат двете директорки а особено директорката Симовска дека можат да бидат тужени од страна на родителите на фотографираните дечиња за незаконско објавување на фотографии од нивните деца во јавност, како и за злоупотреба на службена должност во обид за себепромоција во некакви хуманитарци и донатори со туѓи пари?
Кој ќе ја плати штетата доколку раководните лица во детската градинка бидат осудени за ова нивно дело?
Дали на ваков начин ќе трпи буџетот на локалната институција на штета на сите граѓани на општина Делчево?
Дали конечно градоначалникот Горан Трајковски е подготвен да превземе нешто во врска со санкционирање на овие појави во институциите под негови ингеренции?
Апелираме до надлежното министерство да ги санкционира ваквите прекршувања“
-интегрален текст на реакција на опозициската ВМРО-ДПМНЕ ОК Делчево упатена во јавноста.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
КЈП „Водовод“ – Кочани: Известување за состојбата на Градската депонија и преземени работни активности
Две населби во Делчево деновиве добија нови асфалтирани улици
Започна асфалтирањето на улицата „Гоце Делчев“ во Кочани