Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, поради доцнењето на истрагата во случајот “Рекет” која се пролонгираше вештачки од страна на обвинителството, во јавноста упатуваат серија на сомневања кои произлегуваат од самиот случај.
Наум Стоилкковски од ВМРО-ДПМНЕ на прес конференција обелодени денеска серија сомнежи кои би можеле да бидат пресудни во целиот процес.
Во продолженние во целост ја пренесуваме неговата прес конференција:
Мотивот на Заев за заштита на криминалот од „Рекет“ го знаеме. Сомнежите се дека тој и неговите структури се силно вплеткани во оваа криминална – октопод мрежа која што тој сака да ја заштити.
Но постои и дополнителен мотив, по се изгледа личен мотив кај портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов за да така отворено лаже и да манипулира за овој случај. Освен можен финансиски бенефит во прашање е морален хазард. Затоа прашуваме:
Дали има, и доколку има нека одговори какви се фотографии, материјали и тонски записи постојат од портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов во еден од телефоните на осомничените во случајот „Рекет“?
Зошто Костадин Костадинов е толку исплашен од неговиот довчерашен најдобар пријател Бојан Јовановски?
Дали е точно дека има инкриминирачки материјали на Костадинов снимени во странство?
Дали на овие материјали освен овие двајца се вклучени и други лица, политичари со потекло од една странска земја?
Дали е точно дека Костадинов е и чест посетител на скапите, развратни забави организирани од еден од осомничените во „Рекет“, пред неколку месеци во два големи града во една соседна држава?
Дали Костадинов на овие луксузни забави трошел и народни пари?
Ако ова е точно тогаш нека одговори Костадинов што точно правел на тие забави со Бојан Јовановски?
Ако стравот на Заев е дознавањето на адресата каде е однесен куферот со пари, дали стравот на Костадин Костадинов е дознавањето за инкриминирачките материјали со неморална содржина најдени во телефонот на еден од осомничените за случајот „Рекет“?
Дали стравот кај Костадинов е дознавањето за неговиот неморален карактер?
Дали СДСМ е партија која што е претворена во дувло на развратот во изминативе неколку години?
Дали Костадинов го дели истиот став како и Зоран Заев за Бојан Јовановски кажан при неговата изјава?
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Ген-Секот на ВМРО-ДПМНЕ со Македонските пратеници Ковачки и Мицевски одадоа почит на гробот на Јане Сандански во Пиринска Македонија
Уставниот суд со поддршка на ЕУ отвора јавна дебата за потреба од носење на Закон за Уставниот суд
Кој губи има право да се лути: На СДСМ не им се по ќејф резултатите од последните анкети за истражување на јавното мислење