БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Дали Мицкоски индиректно соопшти дека прима закани по својот живот, на денешната прес конференција?

Пренеси го гласот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната прес конференција на која говореше за актуелните политички случувања околу изгласувањето на новата влада на СДСМ и ДУИ предводена од Зоран Заев, во еден момент рече:

…”И додека сум жив а доколку тоа не сум има план Б и план В ќе се борам против оние кои му служат исклучиво нему на Зоран Зае за да си го заштитат својот криминал.”…

Дали овој исказ на Мицкоски значи дека тој трпи закани по неговиот живот?

Кој има интерес да го загрози животот на лидерот на Македонската опозиција и зошто?

ВМРО-ДПМНЕ преку својот потпретседател Александар Николоски најави масовни народни демонстрации на Македонскиот народ против актуелната власт на Зоран Заев оваа есен.

Од друга страна Зоран Заев не успеа јасно и гласно да повика на помирување во државата помеѓу власта и опозицијата.

Изминатиот период на владеење на претходната влада исто така предводена од Зоран Заев се карактеризираше со повеќе недемократски активности и постапки за зацврстување на власта од страна на Заев и СДСМ.

Граѓаните беа сведоци на брутална партизација на администрацијата но и партизација на сите нивоа на државата, се вршеше идеолошко-политички прогон на неистомисленици со политиките на власта, Македонија е единствената држава во регионот и пошироко во Европа во која граѓани одат во затвор поради искажан сопствен став на социјалните мрежи, додека истовремено се делеа партиски тендери за фирми блиски до власта со задолжување на државата кое драстично порасна во споредба со претходно, мешањето на извршната власт во работењето на судско-обвинителската власт е исто така багаж на оваа старо-нова влада….

Овие проблеми надополнети со економската катастрофа во која живеат мнозинството Македонски граѓани во услови на раширена пандемија и 600 мртви Македонски граѓани се индикатори за насоките за развојот на настаните во претстојниот период во кој сите погледи на обесправените Македонски граѓани ќе бидат свртени кон лидерот на опозицијата, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Проф. Д-р Христијан Мицкоски.

Целата денешна прес конференција на Христијан Мицкоски погледнете ја во продолжение:

https://www.facebook.com/watch/?v=2687204068263750&extid=ihhSem3b64woEzS8

Креирано од:


Пренеси го гласот