БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Мирјана Најчевска удри против првата мерка на Министерот за правда Бојан Маричиќ

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Универзитетската професорка и еден од најсилните поддржувачи на т.н. Шарена револуција Мирјана Најчевска на првиот ден од работата на новата влада предводена од Зоран Заев упати свој коментар во врска со првата најавена мерка на новиот министер за правда Бојан Маричиќ.

Во продолжение во целост ја пренесуваме нејзината реакција:

” “Маричиќ кажа дека ќе се анализираат предметите онаму каде што имало застој во постапките или други недостатоци, а ќе се земаат плус 5 отсто од предметите, по случаен избор, за проверка.“

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Еве вака, измамата станува правило.

Нема да се испитуваат сомнителни случаи, случаи кои биле несоодветно распоредени со злоупотребата на АКМИС – системот, случаи во кои постои основано сомнение за вмешаност на политиката или за интерес на конкретен политичар, туку по случаен избор. 5%.

И исто како со АМИС-системот, случајно баш оние случаи каде што имаат интерес партиите нема да бидат преиспитани. И баш оние случаи каде што била вмешана политиката нема да бидат преиспитани. И баш оние случаи каде што можеби бил вмешан некој близок, нема да бидат преиспитани.

Тоа е кога вистинските критериуми ги заменуваш со лажњак кој создава привид на право.

Вака Мариќиќ ќе добутка и до премиер. А можеби ќе стане и вицепремиер.”

-напиша Мирјана Најчевска на фејсбук.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace