БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

ДАЛИ МЖ ТРАНСПОРТ ОД ПРЕТПРИЈАТИЕ ЗА ЖЕЛЕЗНИЧКИ ПРЕВОЗ, СТАНА ПРЕТПРИЈАТИЕ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА СОПРУГИ И СИНОВИ?

Пренеси го гласот

СДСМ ГО СТАВА НЕПОТИЗМОТ И ПАРТИСКИТЕ ВРАБОТУВАЊА НА МАКСИМУМ.

ДАЛИ МЖ ТРАНСПОРТ ОД ПРЕТПРИЈАТИЕ СО ОСНОВНА ДЕЈНОСТ ЗА ЖЕЛЕЗНИЧКИ ПРЕВОЗ, СТАНА ПРЕТПРИЈАТИЕ СО ОСНОВНА ДЕЈНОСТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА СОПРУГИ И СИНОВИ?

СДСМ како да организира натпревар помеѓу државните институции во тоа кој ќе биде прв по непотизам и партизација.

Безброј се примерите во кои цели фамилии како кланови се вработуваат и унапредуваат во едни исти институции. Еве на пример МЖ Транспорт АД, претпријатие кое континуирано има финансиски проблеми, не само што е познат лидер по своите долгови и штрајкови, туку сериозно сака да стане и лидер во непотизам и партизација.

Се повеќе добиваме реакции на вработените дека непотизмот и партизацијата во ова државно претпријатие се пуштени на најјако.

Па затоа, директно и јавно прашуваме:

1: Дали е точно дека, довчерашниот директор за правни работи Коста Чикос, откако станал директор си ја унапредил својата сопруга на место раководител во истата фирма? И дали е точно дека после неговата смена од директор за правни работи, иако исполнувал услови за старосна пензија, му измислиле работно место советник на генерален директор, со екстра плата од околу 1000 евра, со цел да се задоволат страстите за неговата смена?

2: Дали е точно дека, новиот директор за правни работи Бранислав Игњатовиќ си ја вработил својата сопруга во истата фирма, најпрво како чистачка, а потоа си ја унапредил во референт за плати?

3: Дали е точно дека, директорот за влеча и одржување Сашко Ангеловски си ја вработил својата сопруга како благајник за билети во истата фирма?

4: Дали е точно дека, на екс генералниот директор Љубиша Ристиќ, кој патем исполнувал услови за старосна пензија, по неговата смена му измислиле работно место советник на генерален директор со екстра плата од околу 1000 евра, со цел да се задоволат страстите за неговата смена?

5: Дали е точно дека ќерката на одметнатиот пратеник од ВМРО ДПМНЕ Сашо Василески, Олга Василеска, со само 3 години работен стаж, како заслуга на својот татко затоа што гласаше за промена на уставот, е унапредена во раководител на правен сектор со плата од околу 45.000 ден.?

6: Дали е точно дека, сопругата на екс директорот за одржување и влеча, а сега директор на Подружницата Влеча, Петар Баталаков, е поставена за директорка на ОУ Мирче Ацев во Ѓорче Петров?

7: Дали е точно дека, екс директорката на Подружницата за патнички сообраќај Гордана Стојановска истакнат член на СДСМ, си го вработила својот син во МЖ Транспорт АД?

8: Дали е точно дека, возачот на ген. директор Тони Гиновски (член на СДСМ и близок човек на Оливер Спасовски) е главен кадровик во МЖ Транспорт? И дали е точно дека истиот си го вработил својот син на позиција возач во истата фирма?

Ова се легитимни прашања за кои граѓаните заслужуваат одговори. Заради вакви неправди младите бегаат од Македонија. Заради вакви примери системите колабираат и стануваат нефункционални. Но, ова мора да запре. Мора да има ревизија на сите досегашни незаконски вработувања и унапредувања. Мора да има одговорност за тие кои го урнисаа системот, а институциите ги претворија во дувла за згрижување на своите најблиски. Потребно е системот да се стави на здрави нозе, а потоа да започне обновата.
На Македонија и е потребна #ОБНОВА, и тоа не е само обична фраза, туку насушна потреба.

-Интегрален текст на Комисија за инфраструктура, урбанизам и транспорт на ВМРО – ДПМНЕ

Креирано од:


Пренеси го гласот