Во реакција до јавноста од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Штип го прозиваат градоначалникот Бочварски за неумешност и неефикасност.
Со повеќе од половина поминат мандат на Бочварски како градоначалник, од опозициската партија од Штип обвинуваат деке тој не успеал да реализира ниту еден од ветените проекти.
Во продолжение во целост ја пренесуваме реакцијата до јавноста на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Штип:
“Паниката во редовите на СДС е очигледна. Неработењето и неспособноста се обидуваат да ги прикријат со паушални прес конференции, обидувајќи се неуспешно да прикажат некаква активност. Меѓутоа, во реалноста, граѓаните на Штип трета година гледаат како нивниот градоначалник води битка со себе и со својата неумешност.
Веќе е во втората половина од неговиот мандат, а не е реализиран ниту еден од ветените проекти. Предлагаме, следната прес конференција да биде пред мостот на река Брегалница, кој три години не можат да го пуштат во употреба, за сликовито да го докажат својот ограничен капацитет.
Вистината за неработата на СДС во Штип е болна, празна и наскоро ќе удри шамар на оваа криминална власт. “


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Сања Пановска е дел од “Најдоброто на Делчево”. Градоначалникот Гоцевски рече дека таа е инспирација за сите млади луѓе кои сакаат да бидат научници
Најава за презентација на активности од проектот „Вештини – клучот на зелената економија“ во Кочани
Започна регистрацијата за обуката „AI4HerWellbeing“ – спој на вештачка интелигенција и благосостојба за жени во Кочани