БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Дали овој камион е регистриран и кој го вози?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ Делчево

Пренеси го гласот

Интегрален текст на реакција упатена во јавноста од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ од Општинскиот Комитет во Делчево:

“Имате дома возило, кое што немате пари да го регистрирате? Влегувате во дворот и гледате дека вашиот автомобил го нема. После цел ден нервоза за тоа каде можело да замине автомобилот, гледате иде автомобилот во дворот а во него комшијата ви се смешка видно задоволен од возењето.Почитувани граѓани, вака некако сатирично накратко звучи приказната со еден од камионите на ЈКП “Брегалница” Делчево, кој ај што е стар и не многу симпатичен, туку е посакувано превозно средство за трети лица невработени во комуналното претпријатие.

И ај што многу луѓе сакаат да го возат надвор од кругот на вработените, камионот одамна не влегол на Станица за технички преглед.

Јавно прашуваме дали овој камион на фотографиите го вози невработено лице во ЈКП “Брегалница” Делчево и кога последен пат е регистриран овој камион?

Апелираме до Градоначалникот Горан Трајковски да ја испита оваа ситуација и доколку постои прекршување на законите, кај одговорните лица за ваквата можна состојба да сносат одговорност. Апелираме до МВР да ја прочита оваа приказна погоре, и по можност да оцени дали е смешна или трагична.

ПС ваква можна состојба не се појавува првпат во комуналното претпријатие во Делчево.”

-стои во текстот со кој што од опозициската ВМРО-ДПМНЕ во Делчево ја алармираат јавноста и надлежните.

Креирано од:


Пренеси го гласот