Патриотскиот и комитскиот Македонски дух продолжува да живее и ден денес и тоа во најубавото негово културолошко светло и значење. Македонскиот поп-рок состав Некст Тајм на тој дух му дадоа нова силна безвременска енергија со својата нова песна “Кога падна на Пирина” и спектакуларното видео изработено за песната.
Синоќа во 20.00 часот во киното Милениум во Скопје се случи промоцијата на ова ново музичко и визуелно доживување пред голем број пријатели и фанови на Некст Тајм.
Реакциите на публиката по објавувањето на видеото на социјалните мрежи се пресилни за да може да се опишат во неколку реченици.
“Со Гордост ви го претставуваме нашиот најнов видео запис !!!Веруваме дека Македонскиот дух ќе живее вечно преку оваа песна.Веруваме дека ќе ве направиме горди!!!”
-Напишаа дечките од Некст Тајм во прилог на објавата на својот најнов виде спот и песна.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Врчак и Симона со „Сонце по дожд“ ја продолжуваат музичката приказна што започна пред години
Видела лице зад сцената на концерт на Аеросмит, кое многу личи на нејзиното: Како Лив Тајлер дознала за своето биолошко потекло?
ИСТОРИСКИ УСПЕХ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ХИП-ХОП: НИНА ТАЛЕСКА Е СВЕТСКИ ВИЦЕШАМПИОН!