БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Дали претстои најлошото? Уште три нови случаи заразени со Коронавирус дијагностицирани попладнево

Пренеси го гласот

Министерството за здравство информира дека од осумте тестирани пациенти на коронавирус попладнево, тројцата членови на семејството на сопружниците од дебарско се позитивни, а останатите петмина се негативни на коронавирусот.

Позитивните пациенти, од петокот, 6 март, беа во домашна изолација со решение за ДСЗИ, а од вечерва ќе бидат хоспитализирани и лекувани на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје.

На коронавирус се негативни: лицето кое на 26-ти минатиот месец престојувало во Бугарија, неговата сопруга, патникот од Сингапур, наш државјанин кој пред 3 дена се вратил во земјава, едно лице од Гевгелија и едно од Дебар.

Креирано од:


Пренеси го гласот