Во време на објавување на оваа информација бројот на пријавени Македонци за гласање во дијаспората на интернет апликацијата на Државната изборна комисија https://dijaspora.sec.mk/PregledPrijaveni.aspx изнесува над 4500 гласачи.
Со измените на Изборниот закон што беа направени во 2015 година за освојување на минимум еден пратеник а максимум тројца пратеници од Австралија, Европа, Северна Америка и Канада/САД неопходно постигање на праг на број на освоени гласови кој што зависи од излезеноста и од севкупниот број на гласови освоени за пратеници во останатите шест изборни единици на претходните парламентарни избори.
Вп продолжение пренесуваме цитат од Изборниот Законик -Измени и дополнувања од 10.11.2015 година
Во Собранието на Република Македонија се избираат од 120 до 123 пратеници, од кои 120 пратеници се избираат според пропорционалниот модел, при што територијата на Република Македонија е поделена на шест изборни единици утврдени со овој законик и во секоја се избираат по 20 пратеници и 3 пратеници се избираат според пропорционалниот модел во една изборна единица која ги опфаќа Европа, Африка, Северна и Јужна Америка, Австралија и Азија.
(3) Првиот пратеник во изборната единица која ги опфаќа Европа, Африка, Северна и Јужна Америка, Австралија и Азија е избран доколку листата на кандидати за пратеници освоила најмалку онолкав број на гласови со кои што е избран пратеник со најмал број на гласови во изборните единици во Република Македонија на последните парламентарни избори во Република Македонија.
(4) Вториот пратеник во изборната единица која ги опфаќа Европа, Африка, Северна и Јужна Америка, Австралија и Азија е избран доколку листата на кандидати за пратеници освоила двојно поголем број на гласови од бројот на гласови со кои што е избран пратеник со најмал број на гласови во изборните единици во Република Македонија на последните парламентарни избори во Република Македонија.
(5) Третиот пратеник во изборната единица која ги опфаќа Европа, Африка, Северна и Јужна Америка, Австралија и Азија е избран доколку листата на кандидати за пратеници освоила тројно поголем број на гласови од бројот на гласови со кои што е избран пратеник со најмал број на гласови во изборните единици во Република Македонија на последните парламентарни избори во Република Македонија.
(6) Доколку во изборната единица која ги опфаќа Европа, Африка, Северна и Јужна Америка, Австралија и Азија, ниту една од листите на пратеници не го добила потребниот број на гласови утврден во ставот (3) на овој член, не се избира ниту еден пратеник.
Од особена важност е гласовите на Македонците во дијаспората да се ефектуираат во вид на пратенички мандати преку свои претставници кои ќе се борат за правата и интересите на Македонците во странство во наредниот 4 годишен мандат.
Досега речиси сите формални и неформални организации на Македонците во дијаспората повикаа за пријавување на Македонците за гласање на интернет апликацијата на Државната изборна комисија достапна на сл. линк https://dijaspora.sec.mk/Default.aspx .
Рокот за пријавување завршува во среда на полноќ по Македонско време.
Пријавените гласачи од дијаспората своето гласачко право ќе можат да го остварат на 11 април во надлежните Државно конзуларни претставништва (ДКП) во државите во кои живеат.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Алиу – Кузмановска: Во најтешките мигови едно семејство донесе одлука што значи живот – спасен живот на пациент со трансплантација на црн дроб и подобрен квалитет на живот кај пациент со трансплантиран бубрег
Мицкоски изрази чудење за различниот став на Градоначалникот на Крива Паланка и неговата матична СДСМ во врска со стратешкиот проект во село Луке
Мицкоски во однос на обвинувањата на Блерим Беџети од ДУИ: секој има право на презумција на невиност