БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Дали Шеќеринска го мери успехот по искинатите униформи на Македонските војници или по сменетото име на Армијата на Република Македонија?

Пренеси го гласот

После “блескаме” на Зоран Заев, сега ја слушаме и Радмила Шеќеринска дека “зад нив имале успешна година”.

Па како да немаат успешна година тие неколкумина од криминално-рекетарскиот октопод после година која изобилува со криминал, корупција и рекетирање?!

По што го мерат успехот, по искинатите униформи на Македонските војници или по сменетото име на Армијата на Република Македонија? Ако тоа за нив е успех, тогаш овие луѓе не знаат што е неуспех.

Сите останати ја имаме историски најлошата година! Година во која спротивно на Устав и Закон, насилнички и криминално сменија име и идентитет и распродадоа се што е Македонско … криминал, рекет, корупција, нерасветлени убиства …

Сепак, во една работа се согласувам со Шеќеринска, а тоа е дека “следната година ќе биде поуспешна”!

А, тоа ќе биде така затоа што оваа криминална власт ќе падне и ќе почне #ОбноваНаМакедонија!

#Оставка
#ПредвремениПарламентарниИзбори

-фејсбук статус на Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев

Креирано од:


Пренеси го гласот