БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Дејан Давидовски: Шведска кажа дека не сме правна држава

Пренеси го гласот

Во екслузивно интервју за АЛФА ТВ, Дејан Давидовски кој што е еден од прогонетите од Властите на Зоран Заев за настаните во собранието на Република Македонија од 27 април 2017 година, ги објаснува сопствените гледишта во врска со неговиот прогон, како и одлуката на Врховниот суд на Шведска да не дозволи екстрадиција на Давидовски, по потерницата упатена од страна на властите во Македонија.

На прашањето од водителот на интервјуто Љупчо Цветановски

Како ја толкуваш одлуката на шведскиот Врховен суд кој одби да те екстардира во Македонија и покрај потерницата распишана од властите во Скопје? Дали со ова Шведска го става под знак прашање актуелниот македонски правосуден систем и правната држава?

Дејан Давидовски меѓу другото одговара:

Знаете, не зборуваме за некоја земја од третиот свет, туку за Шведска, земја членка на Европската Унија, држава со вековна традиција. Кога ваква земја, која е синоним за демократија и правна држава ќе констатира политички прогон и ќе одбие екстрадиција констатирајќи го гласно, пораката е јасна – сегашната Македонија има проблем со владеењето на правото. Во превод – Шведска кажа дека не сме правна држава. На страна што не се работи само за мене, имаме уште три случаи во две држави, Унгарија и Грција, двете членки на ЕУ и НАТО, кои одбија екстрадиција на македонски државјани поради  политички мотиви во случаите. Владината пропагандна машинерија можеби може и да ги шиканира Грција и Унгарија, иако нереално, но никој не може и не смее да отвори уста против Шведска, која во светски рамки е пример за правда и правна држава. Така што, одбивањето на Врховниот суд за моја екстрадиција е силен шамар за Заевата хунта. Појасна порака за тоа што се случува во Македонија и за обвинетите и осудените за 27 април – здравје!

Остатокот од интевјуто погледнете го во видеото во продолжение:

Креирано од:


Пренеси го гласот