Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Свети Николе Дејан Владев објави во јавност дека ќе го донира ваучерот од 3000 денари кој што го добил неговиот син.
За опозиционата ВМРО-ДПМНЕ како и за голем број граѓани во државата оваа т.н. мерка на владата на СДСМ е обид за директен предизборен поткуп за остварување на политичка корист за владеачката партија на претходните паламентарни избори кои што Зоран Заев и раководството на СДСМ брза да ги организира додека меѓу другото се уште се осеќаат ефектите кај граѓаните од ваквото расипничко трошење на пари од буџетот.
Дополнителен проблем е што ваквото “истурање” на пари кон граѓаните доаѓа во момент кога државниот Буџет на владата ги руши сите досегашни познати рекорди по задолженост на државата со кредити.
“Ваучерот што го “дава”оваа влада на име на мојот син во износ од 3000 денари ќе го донирам на семејство на кое му е навистина потребно.”
-напиша на фејсбук Дејан Владев.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Стручна работилница на тема „Дигитални решенија за одржливо земјоделско производство“
ВИНИЦА РЕЦИКЛИРА – 169.350 ПЛАСТИЧНИ ШИШИЊА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ!
Уште една голема инвестиција на владата во здравството за делчевчани: Две нови возила за ЈЗУ Здравствен дом ,,Гоце Делчев ” во Делчево