БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Драган Ковачки: На раководството на СДСМ а не на членството на владеачката партија им се брза на избори

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во интервју за порталот Делчево365.мк полковникот Драган Ковачки говореше за повеќе жешки политички теми пред кои се исправени граѓаните на Македонија.

Во однос на прашањето за датумот за одржување на предвремените парламентарни избори Драган Ковачки откако ги образложи своите аргументи го изнесе својот став зошто смета дека е недозволиво да се зборува за избори во државата кога Македонските граѓани се соочуваат со егзистенцијална криза од масовен карактер во средуште на распламтена пандемија од корона вирусот.

“За мене како припадник на опозицијата недозволиво е да разговараме за датум за избори кога безбедноста на граѓаните е нарушена. Нема повисоко нешто од тоа граѓаните да бидат безбедни и сигурен. Тогаш кога ќе ги создадеме условите, тогаш би требало да се одржат изборите. Меѓутоа не по наша проценка, туку по проценка на здравствените авторитети, тие се луѓето кои што треба да кажат кога и дали может да се одржат изборите,”

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

-соопшти децидно Полковникот Ковачки за порталот Делчево365.мк.

Во однос на донесувањето на последните уредби со законска сила од страна на Владата на Оливер Спасовски, Ковачки го изнесе својот став за тоа како ваквата одлука не е во интерес на јавното добро на граѓаните:

“Во текот на вчерашниот ден беше донесена Уредба со законска сила од страна на Владата на Република Македонија, за која што ние како партија воопшто не бевме консултирани. И од таа страна можете да видите дека на поединци од раководството на СДС им се брза за избори. Не зборувам за целиот СДС, меѓутоа раководството инсистира на брзи избори. Зошто е тоа така најдобро е тие да бидат прашани. Зошто го ставаат својот личен интерес пред интересот на граѓаните тоа тие треба да одговорат,”

-заклучи по однос на ова прашање Драган Ковачки.

Целото интервју за порталот Делчево365.мк со Драган Ковачки проследете го во продолжение:

Креирано од:


Пренеси го гласот