БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Дејан Владев пред своите сограѓани на Свети Николе меѓу другото вети целосна изградба на улиците во центарот на Свети Николе и инфраструктурен препород на селата

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Кандидатот за градоначалник на Свети Николе Дејан Владев од редовите на ВМРО-ДПМНЕ вечерва имаше своја промоција на настан во градскиот парк во центарот на Свети Николе пред своите сограѓани кои што во голем број беа излезени да ги слушнат неговите визија и идеи за развој на нивната општина во наредните 4 години.

Тој на почетокот на своето обраќање пред светиниколчани се осврна за негативното работење на актуелните власти во Свети Николе на чие чело стои актуелниот градоначалник од СДСМ. Владев направи мала ретроспектива на излажаните ведувања на СДСМ во изминатите 4 години кои што допринесоа за целокупната апатија која што владее помеѓу жителите на Свети Николе.

“Дали донесоа живот за сите? Дали денес жиеееме подобро? Дали ја однесоа Република Македонија во Европската Унија? Дали ги покачија платите, го подобрија ли животниот стандард? Донесоа ли бесплатно здравство? Ставија ли крај на беззаконието? Или самите се глава на канцерот на една држава наречена корупција и криминал?”

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

-запраша Владев од центарот на Свети Николе.

Тој во своето обраќање го потенцираше еден од најгорливите проблеми на Свети Николе со излевањето на фекалии во речното корито поради проблеми со фиункционирањето на системот за одведување и прочистување на отпадните води од Свети Николе. Дејан Владев како највисок приоритет на својата градоначалничка агенда во наредните 4 години го стави токму решавањето на овој проблем.

Владев понатаму се заложи за целосно инфраструктурно опремување на селата во Свети Николе за кои што рече дека се дел од општината и дека треба да добијат еднаков третман како и градот. Владев се заложи пред своите сограѓани за целосна изградба на улиците во центарот на градот со што Свети Николе ќе добие урбан лик на вистински град.

Проектите за младите во Свети Николе се исто така високо во приоритетите на агендата на Дејан Владев во наредните 4 години.

Целото обраќање на кандидатот за градоначалник за Свети Николе од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Дејан владев може да го проследите во видеото во продолжение.

https://www.facebook.com/108723551523621/videos/2910449985884338/

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace