БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

“Дека е киното у Штип”- иницијатива на Сашко Потер Мицевски за враќање на киното во овој своевиден центар на Брегалничкиот регион

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Со своја видео креација штипјанецот Сашко Потер Мицевски започна своја иницијатива за враќање на киното во Штип. Видео клип кој што содржи во себе кадри од повеќе разни Македонски и светски филмови и суптилна порака за потребата на кино сала со модерна опрема во неа за штипјани кои одат во околните градови на кино, бепе креиран од самиот иницијатор кој е долгогодишен успешен филмски работник во повеќе сфери на филмската уметност.

Оваа иницијатива на Мицевски стана особено популарна помеѓу сите генерации на штипјани и оние повозрасните кои се сеќаваат на кино проекциите во некогашното кино и оние помладите кои што немале прилика да ја почувствуваат кино магијата во својот роден град.

Сашко Потер Мицевски упати и своја кратка порака преку социјалните мрежи за оваа своја иницијатива која ја пренесуваме во целост:

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

“Дека е КИНОТО у Штип шо толку многу е обеќано низ годините? Жално е да еден од најбитните градови у Македонија нема кино сала за проекција на филмови каде што младите и старите ќе се хранат душевно. Киното шо постоеше мене на многу начини ми го смени живото, ми даде простор каде шо можам да допрам други светови, да истража непознати емоции. Моите први филмови гледани се: 101 Далматинец, Тарзан, Austin Powers in Goldmember, Spy Kids 3D, LOTR 3 и Хари Потер и каменот на мудроста, ради кој се бавам со филм денес! Споделите ги своите приказни од старото (но никогаш не заборавено кино) и ставете го хаштаго #ШтипСакаКино, можеби некој ќе одима слух за овај проблем. Младите се оставени без никаква култура у град што зрачеше културни настани некогаш! И ви е чудно зашо е зголемен бројо на деликвенти и неопростливи криминални дејствија (и присуство на “сељаци”) у Штип. Општина Штип Македонија П.С. Сала гола без акустичен третман, со најефтини столови од Office Plus и 2 звучника закачени на бел ѕид НЕ Е КИНО (мислам на грдосијата у мултимедијалнио центар).”

Дека е КИНОТО у Штип? from Sashko Potter Micevski on Vimeo.

Креирано од:


Пренеси го гласот