Во ера на вртоглав хаос на преповторување на интернет содржини и содржини во огромна мера креирани со вештачка интелигенција присутни на интернет просторот, станува реткост човек да налета (случајно) на оригинална содржина, пренесена со човечки сензибилитет на имагинација.
По некоја случајност успеав да налетам на текст напишан од проф. Радица Таскова и пренесен преку фејсбук група. Читајки ги уште првите редови на тој текст, сватив дека станува збор за “пукнатина” во сивото секојдневие.
После внимателно препрочитување на неколку текстови креирани од Радица, достапни на интернет просторот, најдов за потреба да предложам соработка со оваа авторка, која безрезервно прифати и од денес натаму многу често ќе можеме сите да ја читаме екслклузивно на нашиот интернет портал.
Нашиот идентитет е наш израз на постоење, а нема поубаво постоење во овој свет, од автентично изразен став преку магијата на пишаниот збор на Македонскиот јазик и книжевност.
Тука некаде ни се подударија целите со авторката, како интерет портал кој сака да биде силно упориште на Македонскиот идентитет, а особено идентитетот на географскиот простор покрај реката Брегалница.
За нашата верна и непоколеблива публика која веќе 9 години го следи Брегалнички Портал можам да им порачам внимателно да ги читаат текстовите на драгата професорка Радица Таскова, затоа што во огромна мера нејзините ставови и слободарски дух се и ставови на сите оние што се’ и биле дел од Брегалнички портал.
А за оние новите читатели, треба време да свикнат, но како што самата Радица знае да каже, вистината е таа што е нашето најсилно оружје.
Колумните на проф. Радица Таскова ќе може да ги најдете во нашите рубрики ЕДИТОРИЈАЛ и ДОЗИРАНО.
Брегалнички портал
Главен и одговорен уредник
Кирчо Анастасов

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Станете наш автор-колумнист и споделете го вашиот глас на Брегалнички портал!
Наши маркетинг услуги за учесниците на Локалните избори 2025 [2]
Наши маркетинг услуги за учесниците на Локалните избори 2025