Министерот за внатрешни работи на Република Македонија Наќе Чулев денеска оддаде почит на осуммината припадници на МВР кои загинаа во престрелка со терористите кои беа окупирале дел од кумановската населба Диво Насеље пред пет години.
Чулев присуствуваше на панихида во црквата Св. Никола во Куманово по што положи свежо цвеќе пред спомен обележјата на загинатите херои во кругот на ЕБР и Единицата за специјални намени на МВР.
Во продолжение го пренесуваме неговото соопштение до јавноста во врска со овој настан:
“Денес се одбележуваат пет години од трагичното загинување на осумте припадници на Министерството за внатрешни работи во трагичниот настан кај Диво Насеље кај Куманово. Денес присуствував на панихида која се одржа во црквата Св. Никола во Куманово и положив цвеќе на спомениците кои во нивна чест се подигнати во круговите на Единицата за брзо распоредување и Единицата за специјални задачи на чии редови припаѓаа овие полициски службеници.
Најпрво како министер за внатрешни работи и како граѓанин изразувам искрено сочувство до семејствата и најблиските на загинатите припадници кои на денешен ден пред пет години ги положија своите животи во одбрана на уставниот поредок, мирот и сигурноста на сите граѓани.
Нашето општество сите негови чинители мора и се должни да извлечат силна поука од настанот во Диво Насеље: слободата, животот и безбедноста се најскапоцени вредности што сите заедно мораме да ги чуваме и негуваме. На тоа не обрврзува жртвата на нашите колеги дадена во името на иднината на сите македонски граѓани. И таа жртва не смее и нема да биде заборавена.
Нека им е вечна славата!”
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Дали управител на ЕСМ Туризам истовремено извршува функција на синдикален лидер?
Клопчето почна да се размотува: Над 60 фирми испумпале 3,2 милиони евра од ФИТР со проблематични проекти. Следуваат кривични!
Собранието носи Национална развојна стратегија која ќе биде патоказ за сите наредни влади